ПСВ Ајндховен сака да го врати Мемфис Депај

Мемфис Депај во летниот трансфер период веројатно ќе го напушти составот на Барселона. За неговите услуги од претходно се заинтересирани: Јувентус, Наполи, ПСЖ и според денешните пишувања во медиумите, неговиот поранешен клуб ПСВ Ајнтховен.
Наводно, холандскиот состав сака да го врати 28-годишниот напаѓач кој ги бранеше боите на клубот од 2011 до 2015 година.
Депај кој има 24 настапи и 9 голови во сите натпреварувања за Барса, по доаѓањето на Чави го загуби стартното место на „Камп Ноу” и веројатно ќе побара трансфер.