ПСЖ без Меси против Лајпциг

Поради повреда на мускулот која и натаму му задава проблеми, Лионел Меси нема да биде во тимот на Париз Сен Жермен во натпреварот од Лигата на шампионите против Ред Бул Лајпциг. Натпреварот е во рамките од 4.коло на ЛШ и се игра на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг.

Со ова продолжува лошиот период за Меси кој поради повреда беше заменет и на полувремето од дерби натпреварот во француското првенство против екипата на Лил.