ПСЖ во последната минута се избори за победа во Барселона

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 1-2 (1-1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите. ПСЖ победи и покрај тоа што против Барселона Луис Енрике играше без петмина од првиот тим.
На стадионот „Монжуик“ видовме „само“ три гола, иако двата тима имаа неколку изгледни шанси, да постигнат уште некој гол.
Натпреварот отвори Ламин Јамал кога со убав потег се ослободи од двајца играчи, подготви шанса за Феран Торес во втората минута.
Во 19-та минута, Витиња ја загуби топката на својата половина, а потоа Маркус Рашфорд со прекрасна асистенција му овозможи на Торес да го совлада Шевалие.
По 25-та минута ПСЖ ја презеде контролата врз играта. Во 38-та минута, Нуно Мендеш ја претрча одбраната на Барселона, а тинејџерот Мајулу го изедначи резултатот.
Во второто полувреме Хакими спаси сигурен гол по обидот на Олмо и тоа беше најдобрата и единствена шанса на Барселона во овој период од играта.
Како што доминуваше натпреварот ПСЖ се повеќе го засилуваше темпото. Играчите на барселона не може да да се спротивстават. Баркола имаше два обиди, Ли ја погоди стативата, а во 90-та минута изворедна акција на Хакими која Рамош ја претвори во гол за победа.
ПСЖ ја забележа втората победа, а Барселона го запиша првиот пораз во сезоната во сите натпреварувања.