ПСЖ го договори трансферот на Квича

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните информации ПСЖ е фаворит за неговиот потпис.

„Светците“  се во потрага по фудбалер кој ќе биде замена за Килијан Мбапе, кој го напушти  клубот како слободен агент.

Претставниците на ПСЖ стапиле во контакт со 23-годишниот крилен напаѓач и веќе постигнале договор. Кварацхелија се согласил на 5-годишна соработка и плата од 7,5 милиони по сезона.

Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го задржи, но Грузиецот веќе одлучил да замине бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

ПСЖ е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот трансфер, па се очекува трансферот да се реализира после Европското првенство.