ПСЖ го нуди Ренато Санчез за Жоао Невес

ПСЖ и Бенфика може да разменат фудбалери. Францускиот тим сака да го испрати Ренато Санчез во Португалија а за возврат да го добие потписот на 19-годишниот играч за врска Жоао Невес, велат денешните информации во медиумите.

Претходно беше објавено дека клубовите биле на чекор до договор но, како проблем се појавила сумата за откуп.

Бенфика бара 120 милиони евра додека парижаните понудиле 60 милиони евра и уште десет како бонуси.