ПСЖ го претстави Дро Фернандез

Новодојдениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Дро Фернандез, го коментираше својот трансфер во парискиот клуб од Барселона.
Осумнаесетгодишниот Шпанец потпиша договор со важност четири и пол години.
-Многу сум среќен и горд што се приклучувам на ПСЖ. Ова е огромен клуб, кој го следам уште од детството и каде што многу големи легенди направија историја. Сега сум неверојатно возбуден и мотивиран да играм и да дадам сè од себе, изјави Дро за официјалната веб-страница на парискиот клуб.
Фернандез го имаше своето деби за сениорскиот тим на Барселона во септември 2025 година. Одигра четири натпревари во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите, каде што има една асистенција.
Во Барселона се разочарани поради заминувањето на талентираниот фудбалер, за кого ПСЖ плати осум милиони евра, два милиони повеќе од откупната клаузула која изнесуваше шест милиони евра.