ПСЖ го раскинува договорот со Серхио Рамос?
Во францускиот весник „Ла Паризиен“ се објави вест во која се вели дека челниците на Париз Сен Жермен ја разгледуваат можноста за раскинување на договорот со Серхио Рамос.
Шпанскиот дефанзивец, летово пристигна како големо засилување за тимот на ПСЖ, но неговото деби во дресот на екипата од Париз никако да се оствари.
Од неговото пристигнување во ПСЖ, Рамос го следат повреди кои не му дозволуваат да настапува за екипата што е фрустрирачки како за играчот така и за управата на клубот.
Од ПСЖ велат дека ќе се почека уште некој период пред да донесат конечна одлука во врска со иднината на Рамос во клубот.
Серхио Рамос пристигна во ПСЖ од мадридски Реал и потпиша договор на две години.