ПСЖ го собори рекордот на Олимпик Марсеј стар 34 години

Француски Пари Сен Жермен го победи лондонски Арсенал со 1-0 на гостински терен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2024/2025. Така, екипата на Луис Енрике постави рекорд меѓу француските клубови во 21 век.
Според статистиката, ПСЖ стана првиот француски клуб во последните 34 години што победил на гостински терен во полуфинале на Лигата на шампионите. Последен пат нешто вакво се случи на натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Спартак Москва во 1991 година (3:1), кога Олимпик (М) успеа да се пласира во финалето на ЛШ каде беше поразен од белградска Црвена Звезда, тогаш предводена од нашите Дарко Панчев и Илија Најдоски.