ПСЖ доби и добри вести пред дуелот со Барселона
Првиот голман на Париз Сен Жермен, Кејлор Навас се опорави од повредата и конечно се врати во составот од главниот град на Франција.
Маурисио Покетино конечно ќе може да се смета на Навас, кој ќе брани против Ница, како би се подготвил и за најважниот дуел со Барселона во вторник на Камп Ноу.
Навас беше во аут на претходните четири натпревари, се враќа во клучен момент, што конечно е една добра вест за Покетино по низата лоши. Нејмар и Ди Марија сигурно ја пропуштаат Барса, Марко Верати и понатаму е под знак прашалник и одлуката за неговиот настап ќе биде донесена на денот на натпреварот.
ПСЖ ја дочекува Ница денеска во 17. часот, а во вторник во 21. часот гостува кај Барселона.