ПСЖ започна преговори со Кварацхелија

Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија би можел да го напушти италијанскиот клуб и да се пресели во Пари Сен Жермен.

Според – „Кориере дело спорт“, италијанскиот состав ќе бара преку 100 милиони евра компензација за трансфер на играчот. Грузиецот во сезоната која заврши одигра 45 натпревари на сите турнири на кои постигна 11 голови и направи девет асистенции.

Тој има договор со Наполи до 2027 година.