ПСЖ издвои богатство за младиот Дезире Дуе

Францускиот шампион Пари Сен Жермен потпиша договор со 19-годишниот играч за врска Дезире Дуе од Рен, објавија двата клуба.

Играчот од средниот ред потпиша петгодишен договор, а според медиумите во Франција, зделката е вредна вкупно 50 милиони евра.

„За мене е голема среќа да се приклучам на Пари Сен Жермен. Чувствувам возбуда во себе, но и многу среќа и гордост. За мене денес се оствари еден сон”, изјави Дуе за веб-страницата на ПСЖ.

За Рен, Дезире Дуе дебитираше во 2022 година и во две сезони забележа 57 лигашки натпревари со седум гола. Тој беше дел и од францускиот олимписки тим кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Париз овој месец.