ПСЖ и Интер подготвуваат трампа Ериксен-Паредес

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Леандро Паредес од ПСЖ. Приоритет за Конте ќе биде доведување на играч за врска, кој ќе биде алтернатива за Брозовиќ, а Паредес е прв на листата желби. Паредес е голема желба на Антонио Конте кој смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, притоа има големо искуство во Серија А. Италијанските медиуми не исклучуваат како дел од трансферот да биде вклучен Кристиан Ериксен, кој е голема желба на тренерот на ПСЖ, Покетино. Паредес е отворен за преселба во Милано, па се очекува наскоро да започнат преговорите за трампа.