ПСЖ и Челзи ги заладија односите по случајот Зијеч
Челниците на Пари Сен Жермен се лути на колегите од Челзи поради неуспешниот трансфер на Хаким Зијеч. Двата клуба постигнаа договор за трансфер на Мароканецот на позајмица на „Паркот на принцовите“, а самиот фудбалер отпатува за Париз и ги помина сите задолжителни прегледи.
Сепак, серијата гафови, главно на лондончани, спречија зделката да биде завршена и играчот да биде навреме пријавен. Така се пропадна во последен момент, а Зиеш си замина дома на „Стемфорд Бриџ“. Според „Скај Спортс“, ПСЖ е крајно лут поради ваквиот развој на настаните и се заканува дека повеќе нема да работи со овој клуб.
„Синоќа беше апсолутен хаос. Челзи тешко дека повторно ќе се појави пред вратата на ПСЖ. Така не се прави бизнис и не можеш да се однесуваш така со играч“, велат извори од „Паркот на принцовите“.