ПСЖ му нуди седум милиони годишно на Рудигер

Францускиот ПСЖ е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, чиј договор со лондонскиот клуб истекува летото 2022 година.

Парижаните му нудат на германскиот фудбалер годишна плата од 7 милиони евра, пишува „Фудбал Меркато“. Според изворот, 28-годишниот Рудигер сепак преферира да се пресели во Реал Мадрид и покрај тоа што финансиската понуда на францускиот клуб е поголема. За Рудигер е заинтересиран и Баерн Минхен. Од 1 јануари дефанзивецот може директно да преговара со кој било клуб.

Рудигер му се приклучи на Челзи во 2017 година откако се дојде од Рома. Германскиот фудбалер оваа сезона учествуваше на 27 натпревари, на кои постигна два гола и четири асистенции.