ПСЖ му одговори на Тебас: Гледајте си го вашето првенство, оставете не нам!

Од ПСЖ одговорија на критиките на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој пред една недела го обвини францускиот клуб дека е штетен за фудбалот.

Според него ПСЖ ги нарушува правилата за финансиски фер-плеј и дека тој проект е штетен за европскиот фудбал. ПСЖ денес му одговори со специјално соопштение.

„Господине Тебас си дозволувате јавно да го напаѓате нашиот клуб, француското првенство, нашите играчи и францускиот фудбал и коментирате дека ги кршиме правилата. Очигледно е дека некои шпански клубови и вашата лига натрупале огромни долгови поради лошото раководење, а финансирањето на шпанскот фудбал во последната деценија не сакаме ни да го споменуваме. Сега вие не напаѓате нас бидејќи некои играчи решија да го напуштат вашето првенство“.