ПСЖ му соопшти на Почетино дека нема да биде тренер на екипата
Медиумите во Франција објавуваат дека челниците на Париз Сен Жерен веќе му соопштиле на тренерот Маурицио Почетино дека тој нема повеќе да ја води екипата и дека може да си бара нов клуб.
И покрај тоа што аргентинскиот тренер сеуште има договор со ПСЖ, сепак од клубот се незадоволни од неговите резултати поради што планираат предвремено раскинување на соработката.
Бројни се шпекулациите дека нов тренер на клубот од Париз ќе биде легендарниот Зинедин Зидан, кој наводно конечно се согласил да седне на клупата на францускиот шампион.