ПСЖ не го сака повеќе Коло Муани, Њукасл фаворит да го доведе

Со големи очекувања Рендал Коло Муани пристигна во редовите на Пари Сен Жермен за 95 милиони евра, но во Франција не успеа да ги оправда очекувањата.

Според последните најави францускиот фудбалер ќе си замине по само една година во составот на Луис Енрике.

Најавите се дека кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата каде што наводно Манчестер јунајтед покажал интерес, исто така Њукасл би можел да реагира и да го доведе како Исак.

Се шпекулира и дека би можел да се врати во Бундеслигата каде што беше дел од Ајнтрахт бидејќи Лајпциг исто така ја следел ситуацијата.