ПСЖ не е заинтересиран за купување на „Стад де Франс“

Францускиот гигант Пари Сен Жермен, кој наиде на неодобрување на градоначалничката на Париз, Ен Идалго да му го продаде „Паркот на принцовите“, повеќе не е кандидат за купување на „Стад де Франс“. Ова беше соопштено од извор од клубот.

Катарскиот спортски инвестициски фонд, кој е сопственик на ПСЖ, пред неколку месеци посочи дека сериозно размислува за купување или закуп на националниот стадион, но не поднесе документи за да го стори тоа до рокот кој истече синоќа.

Од самиот почеток, овој интерес беше сфатен од многу набљудувачи како начин да се изврши притисок врз градоначалничката на главниот град, Ен Идалго, да се препушти на клубот „Паркот на принцовите“, стадион кој во моментов е дом на ПСЖ.