ПСЖ пак го победи Арсенал и вторпат ќе игра финале на ЛШ

ПСЖ со нова победа го елиминираше Арсенал и се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите кое ќе се игра во Минхен, францускиот тим денеска славеше со 2-1.
Арсенал тргна фуриозно кон голот на ПСЖ, се редеа шанси, но Донарума беше одличен на голот на ПСЖ.
Како одминуваше времето притисокот на Арсенал се намалуваше, а ПСЖ ја воспоставуваше контролата. Резултатот беше отворен во 27. минута со прекрасен гол на Фабијан Руиз од далечина.
Во 69. минута Витиња имаше голема шанса, не реализираше пенал, Раја го одбрани неговиот удар. Но само три минути подоцна Хакими даде убав гол за водство на ПСЖ од 2-0.
Во 76. минута Сака даде гол, намали на 2-1 и го врати Арсенал во живот, но истиот фудбалер брзо потоа промаши голема шанса за да израмни.
На крајот ПСЖ заслужено се радуваше на победата и на пласманот во големото финале каде ќе игра против Интер.