ПСЖ повторно остана без тренер!
Коронавирусот и понатаму прави големи проблеми во секоја сфера ширум светот, па така и во спортот.
Париз Сен Жермен на тој начин остана без својот тренер за наредниот натпревар, а можеби и за уште неколку натпревари по него, бидејќи Маурисио Покетино е позитивен на коронавирус.
Тој е во изолација и во моментот чека на наредните тестирања.
Неговите помошници ќе ги преземат работите во свои раце на наредниот натпревар против Анже, па така Хесус Перез и Мигел Д’Агостино ќе го предводат францускиот шампион.
