ПСЖ подготвува нов мега договор за Меси

Шпанска „Марка“ објавува дека таткото на Лео Меси, Хорхе, кој воедно е и негов менаџер,  наводно дал согласност за продолжување на договорот на најдобриот светски фудбалер со Париз Сен Жермен. Актуелниот договор на Меси со клубот од Париз истекува на крајот од сезоната.

Според информациите на „ Марка“, челниците на ПСЖ подготвиле мега понуда за Меси, за која сметаат дека ќе биде невозможно да биде одбиена од Аргентинецот. 

Лео Меси во последните свои изјави вели дека се чувствува среќен во Париз и дека неговото семејство нема против да го продолжи својот престој во главниот град на Франција.