ПСЖ покажува интерес за Рајан Аит-Нури од Волвс
Скаутите на Париз Сен Жермен му дале препорака на тренерот Маурисио Почетино да го доведе дефанзивецот од Вулверхемтон, Рајан Аит-Нури.
20-годишниот лев бек пристигна во редовите на англискиот премиерлигаш ова лето од екипата на Анжер за нешто повеќе од 11 милиони евра.
Екипата на ПСЖ во Нури гледа долгорочно решение за позицијата лев бек и би можеле да испратат официјална понуда за него во јануари. Фактот што тој има право за настап во Лигата на шампионите оваа сезона е уште една предност за францускиот тим кој е подготвен да плати околу 35 милиони евра за неговите услуги.