ПСЖ потврди дека Парондо од следната сезона ќе го наследи Мадсен

Роберто Гарсија Парондо, и официјално е нов предводник на Пари Сен Жермен. Францускиот гигант потврди дека Шпанецот ќе го преземе тимот од сезоната 2027/28.
„Исклучителна чест ми е што се приклучувам на ПСЖ. Тоа е голем клуб во европскиот ракомет, познат по својата амбиција, високи стандарди и силен идентитет.
Тоа е огромна одговорност, но и предизвик што го прифаќам со голем ентузијазам. Се радувам на соработката со играчите, персоналот и целиот клуб за да продолжиме да ја пишуваме историјата на Пари Сен Жермен“, изјави Парондо.