ПСЖ прави максимални напори да го доведе Погба
Управата на Париз Сен Жермен допрва ќе стапи во контакт со Манчестер Јунајтед околу евентуалната можноста да го ангажира Пол Погба во актуелниот преоден рок.
Како што пренесува „Мирор“, ПСЖ најпрво мора да продаде неколку играчи за да дојде во позиција да не го прекршува финансискиот фер-плеј, а потоа и да достави понуда до Јунајтед, која се очекува да биде околу 60 милиони евра за трансфер на францускиот интернационалец.
Погба засега не демантира дека ќе го напушти Јунајтед, иако според Солскјер тој е во неговите планови за новата сезона.
Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува наредното лето.