ПСЖ пушти во продажба специјални дресови во чест на Дембеле

Раководството на Пари Сен Жермен пушти во продажба специјален дрес со ликот на Усман Дембеле по повод освојувањето на „Златната топка“.
Синоќа, Французинот беше прогласен за најдобар фудбалер во светот на гламурозна церемонија во Париз.
Дембеле ја победи конкуренцијата од Ламин Јамал од Барселона, кој се пласираше на второто место во гласањето.
Тренерот на Парижаните, Луис Енрике, беше прогласен за тренер број 1 во 2025 година.
Веднаш по објавувањето на резултатите од гласањето за „Златната топка“, во клупската продавница се појави специјален дрес со ликот на Усман Дембеле. Навивачите на францускиот гигант можат да го купат за 35 евра.