ПСЖ сака да го купи „Паркот на принцевите“

Француски „Л’Екип“ денеска пишува дека Пари Сен Жермен доставил понуда до градот Париз вредна 40 милиони евра за да го купи стадионот „Паркот на принцовите“, како дел од плановите на клубот за зголемување на капацитетот на нивниот домашен стадион.

Заменикот на градоначалникот на Париз, Пјер Рабадан, потврдил дека ПСЖ е заинтересиран да го купи стадионот за да ги изврши работите околу зголемувањето на капацитетот, но засега градските власти не се задоволни од понудата.
Причините за ниската понуда на ПСЖ е фактот што тие инвестираа 85 милиони евра за реновирање на стадионот за Еуро 2016 и дека моментално имаат 30-годишен закуп.