ПСЖ со капитенска трака го мами Мбапе да потпише нов договор
ПСЖ се уште е со идеја да го задржи напаѓачот Килијан Мбапе во своите редови. Парискиот клуб е подготвен да му ја даде капитенската лента на 23-годишниот Французин за да го убеди да остане.
Според изворот, актуелниот капитен на ПСЖ, Маркињос е на удар на критики по елиминацијата на клубот од Лигата на шампионите. Неговите лидерски квалитети не му одговараат на раководството, па капитенската лента може да стане аргумент на парижаните во преговорите за продолжување на договорот со Мбапе. Мбапе е во ПСЖ од 2017 година.
23-годишниот фудбалер постигна 26 гола и даде 17 асистенции на 37 натпревари за Пари Сен Жермен оваа сезона. Договорот на играчот со тимот истекува на крајот од сезоната. Неговата пазарна вредност се проценува на 160 милиони евра.