ПСЖ со победа над директниот конкурент ја одбрани титулата во Лига 1

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата шампион на Франција со победа над Ленс на гостински терен со резултат 2-0 (1-0).
Со овој триумф, шампионот на Европа и финалистот на новото издание на Лигата на шампионите ја обезбеди титулата во директен дуел со првиот конкурент.
ПСЖ сега има 76 бода, дури девет повеќе од Ленс, кој со евентуална победа можеше да внесе драма во трката за трофејот во пресрет на последното коло.
Првиот гол за ПСЖ го постигна Хвича Кварацхелија во 29-та минута, а точка на победата стави Мбаје во четвртата минута од судиското продолжение,
Сега ПСЖ може целосно да се фокусира на финалето на Лигата на шампионите, кое ќе го игра на 30 мај во Будимпешта против Арсенал.