ПСЖ ја одреди цената за Донарума

Пари Сен Жермен е подготвен да го продаде Џанлуиџи Донарума и веќе ја одреди потребната отштета, интерес покажуваат Реал Мадрид, Баерн и Интер, објавува „Ла Република“.
Голманот Донарума е еден од најзаслужните за историската сезона на „светците“. Клубот ја освои двојната круна во Франција и прв пат во својата историја ја освои Лигата на шампионите.
Францускиот шампион бара 40 милиони евра за италијанскиот голман, чиј договор е до јуни 2026 година.
Бидејќи сè уште не е постигнат договор за продолжување, ниту пак се решени финансиските детали, ПСЖ е отворен за продажба ова лето.