ПСЖ ќе го откупи Нуно Мендеш за 40 милиони евра
ПСЖ наскоро ќе ја активира клазулата и ќе го официјализира откупот на Нуно Мендеш од лисабонскиот Спортинг.
Младиот Португалец оваа сезона ја помина на позајмица од Спортинг, а во неговиот договор има клазула според која може да биде откупен за 40 милиони евра.
Нуно Мендеш ќе остане во Париз и ќе потпише договор до 2026 година со што во ПСЖ си ја обезбедија левата страна во одбраната откако и Ашраф Хакими потврди дека е среќен и дека сака да остане.
Сепак, најголемото внимание во Париз е насочено кон ситуацијата со Килијан Мбапе. Во ПСЖ прават се за да го убедат да го продолжи договорот кој му завршува на крајот од сезоната, а ќе видиме дали ќе успеат.