ПСЖ ќе го позајми Алфонс Ареола во Вест Хем

Голманот на ПСЖ, Алфонс Ареола, кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига.
Французинот ќе оди во Вест Хем Јунајтед на позајмица. Договорот ќе вклучува опција за откуп на 28-годишниот голман. Договорот на Ареола со Парижаните важи до 30 јуни 2023 година. Трансфермаркт го проценува голманот на 17 милиони евра.
Алфонс Ареола потекнува од школата на ПСЖ, а од 2013 година, голманот настапуваше со позајмица во Ленс, Бастија, Виљареал и Реал Мадрид. Ареола играше за Фулам минатата сезона каде бранеше на 36 натпревари во Премиер лигата, на кои прими 48 гола.