ПСЖ ќе се врати во трката по Виктор Осимен
Раководството на ПСЖ е подготвено да даде понуда за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен во јануари, тврди РМЦ Спорт. Францускиот шампион веќе стапил во контакт со претставници на играчот, кој моментално е на позајмица во Галатасарај, за да започнат разговори на оваа тема.
Изминатото лето и ПСЖ го сакаше Осимен, но потоа не беше постигнат договор откако одбија да ги платат 100-те милиони евра што ги бараше Наполи. Осимен одбил да игра за италијанскиот клуб и инсистирал да се пресели во друг клуб, поради што беше префрлен во Турција.
Сепак, сега ПСЖ планира да направи нов обид да го земе Нигериецот во своите редови. Ова ќе се случи доколку клубот се раздели со Рандал Коло Муани.
Сепак, трансфер на Осимен во зима нема да биде лесен. Францускиот клуб мора да подготви доволно добра понуда за да ги убеди и Наполи и Галатасарај да се разделат со Нигериецот.