Пулишиќ: Милан има реални шанси да го освои скудетото

Милан дојде до посакуваниот резултат во дуелот со Лацио, победа од 2-0 во која еден од головите беше дело на Кристијан Пулишиќ.

Ова за американскиот репрезентативец беше трет погодок во Серија А, па се надева дека таа бројка ќе се зголеми и со тоа ќе може да даде значаен придонес во остварување на зацртаните цели.

„Не сакам да кажам бројка, само сакам да постигнам што е можно повеќе погодоци за да може тимот да победи на што повеќе натпревари. Се надеваме дека претстојат уште многу голови“, рече офанзивецот кој смета дека Милан има капацитет, кавлитет да биде шампион на Италија.

-Ние одиме натпревар по натпревар. Ќе одиме така, да ставаме по три бода во торбата, а потоа се разбира дека имаме добри шанси да триумфираме, -заклучи летното засилување за „црвено-црните“.