Пулишиќ негира заминување од Челзи

Кристијан Пулишиќ ги демантираше шпекулациите дека сака да го напушти Челзи на крајот на сезоната.

23-годишниот Американец оваа сезона настапи само на 15 меча во сите натпреварувања, па поради тоа се појавија шпекулации дека сака да замине од „Стенфорд Бриџ“.

„Среќен сум тука. Постигнавме некои неверојатни нешта откако сум во Челзи. Уживам во фудбалот тука. Во моментов не размислувам за трансфер“, изјави Пулишиќ.

Американецот има договор со Челзи на уште две години, а сериозен интерес за него покажуваат Јувентус, Милан и Барселона.