Пулишиќ: Одигравме солиден натпревар против одличен тим

Напаѓачот на американската фудбалска репрезентација, Кристијан Пулишиќ, после нерешениот дуел со Англија, изјави дека противникот е светска класа. Фудбалерите на Англија и САД одиграа реми без голови во вториот натпревар од групата Б на СП.

„Колективно дадовме многу солиден учинок против супер квалитетен противник. Нашата екипа покажа голема самодоверба во играта и покрај тоа што како противник имаше репрезентација со екстра квалитет. Се надевам дека луѓето во нашата татковина беа горди на нас“, изјави Пулишиќ.

Во следното коло Англија ќе игра против Велс, додека Америка ќе се сретне со Иран.