ПУМА минува во кинески раце

Кинескиот производител на спортска опрема „Анта спортс“ размислува за понуда за преземање на „Пума“, а акциите на германската фирма скокнаа за 14 проценти по оваа вест.
Според анонимни информирани извори, „Анта спортс“ соработува со советник за евалуација на понудата за „Пума“ и би можел да ги здружи силите со приватен инвестициски фонд доколку одлучи да продолжи понатаму во процесот, објавува „Блумберг“.
Други кандидати би можеле да покажат интерес за Пума, како што се кинескиот Li-Ning , кој веќе разговара со банките за потенцијално финансирање на трансакцијата, како и јапонскиот Asics, додаваат изворите.
Компанијата „Анта спортс“, која ги поседува брендовите „Фила“ и „Џек Волфскин“ , забележа зголемување на вредноста на своите акции од 10 проценти оваа година, а нејзината пазарна вредност се проценува на околу 31 милијарда долари.
Германскиот производител на спортска опрема „Пума“, пак, не бележи добри резултати, а новиот извршен директор Андреас Хуберт, кој ја презеде функцијата во јули, се обидува да спроведе план за реструктуирање за да ја врати компанијата кон раст на профитот.
Целта на Пума е да се врати на раст до 2027 година и да се етаблира како еден од трите најголеми спортски брендови во светот.