Пуштени во продажба билетите за натпреварот Македонија – Ерменија

Од денес може да се купат влезници за квалификациските мечеви на нашите најдобри фудбалери против Ерменија на 2 септември и Романија на 8 септември на националната арена – „Тодор Проески“ во Скопје.
Влезниците по цена од 300 денари можат да се набават преку продажната мрежа на –„MKTickets“. Според протоколите за заштита од Ковид-19, на стадионот ќе може да влезат само лица кои имаат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19 односно примена најмалку прва доза, или лица кои поседуваат сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, гледајќи од денот на оздравувањето.
Тоа не се однесува на лица под 18 годишна возраст.