Пјаниќ ги советува Де Лихт и Мората да не го менуваат Јуве за Барса

Миралем Пјаниќ им порача на Алваро Мората и Матијас де Лихт добро да размислат пред да го напуштат Јувентус.

Двајцата фудбалери се поврзуваат со трансфер во Барселона и можат да тргнат по истиот пат како Миралем Пјаниќ. Босанецот беше ѕвезда во Јувентус, направи трансфер на „Камп Ноу“, но работите не тргнаа по добро за него, па сега е на позајмица во Бешикташ.

„Мората има одлична кариера до сега и играше за големи клубовуи како Челзи, Атлетико и Јувентус. Понекогаш фудбалерите имаат потреба од нова мотивација, но треба да два пати да размисли пред да го напушти Јувентус. Не знам детали, но слушам дека Алваро е среќен во Јувентус. Де Лихт има уште три години од договорот со Јувентус. Според мене тој направи добар избор што дојде во Торино. Има можност да игра со големи дефанзивци како Бонучи и Киелини“, додаде Босанецот.