Пјаниќ го пофали големиот талент на Јуве
Поранешниот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, зборуваше со пофални зборови за младиот играч, Николо Фаџоли, истовремено изразувајќи ја поддршката за тренерот Масимилијано Алегри кој го тренираше кај „бјанконерите“.
„Дури и кога Фаџоли тренираше со нас во првиот тим на 17 години, можеше да се види дека е подобар од другите младинци. Отсекогаш му се восхитував на Николо и не сум изненаден од тоа што го прави. Мора да продолжи на истиот начин. Го знам менталитетот на клубот и Алегри врши извонредна работа. Јувентус е втор по Наполи и верувам дека може да заврши во топ 4 и покрај казната од 15 бодови. Макс никогаш не се жали, тој е врвен тренер“, вели Пјаниќ.