Пјастри во последен момент стигна до пол-позиција во Бахреин

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бахреин, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Австралиецот до втората пол-позиција сезонава и кариера на патеката „Сакир“ стигна со време од 1:29.841 минути, со десети и пол предност пред Џорџ Расел во Мерцедес.

Најблиску до двајцата беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека лидерот во генералниот пласман заостана – Ландо Норис ќе го заземе шестото место, додека бранителот на титулата Макс Верстапен ќе биде зад него, во четвртиот стартен ред.

Четвртата квалификациска сесија сезонава беше одбележана со прекин во второто полувреме, кога возачот на Хаса, Естебан Окон, го уништи својот болид откако помина преку тротоарот и удри во оградата.