Пјастри победи на ГН на Белгија во Формула 1

Членот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на денешната трка во Формула 1 која беше возена за Големата награда на Белгија. Истата беше пролонгирана за еден час бидејќи дождот влијаеше на условите на патеката Спа-Франкошамп.

За возачот од Австралија тоа беше 6-та победа во сезонава или осма во кариерата во Белгија. Ландо Норис од Мекларен беше втор додека третото место на подиумот го пополни возачот на Ферари, Шарл Леклер. Во топ 10 уште влегоа и Верстапен, Расел, Албон, Хамилтон, Лавсон, Ботолето и Гасли.

Наредната трка во Ф1 ќе биде реализирана во Унгарија на 3 август. Пјастри засега е лидер кај возачите пред Норис и Верстапен. Кај конструкторите води Мекларен пред Ферари и Мерцедес.