Пјер Саж ќе се врати на клупата на Ленс

Ленс остана без тренер, откако раководството на клубот одлучи да му врачи отказ на Јаник Кахузак по серијата лоши резултати.Реклама

Капката што ја прелеа чашата беше катастрофалниот пораз од Комо (9-1) во Лигата на шампионите. Дополнителен удар за тимот беше и поразот од Олимпик Марсеј (1-2) во Лига 1.

Претходно, Ленс загуби и во дербито против Лил со 1-0, па серијата од три последователни порази дополнително го зголеми притисокот врз тренерот.

Кахузак на клупата на Ленс пристигна во септември, откако претходно беше помошник на Дино Топмелер, кој исто така доби отказ по само шест натпревари на чело на екипата.

Во девет натпревари како прв тренер, Кахузак забележа три победи и шест порази во сите натпреварувања.

Ова е втор тренерски отказ за Ленс од почетокот на сезоната. Клубот многу веројатно дека на клупата ќе го врати Пјер Саж кој доби отказ од Кристал Палас. Саж го водеше Ленс минатата сезона кон успех и кон пласман во Лигата на шампионите, а потоа замина во Премиерлигата, но неговиот ангажман на клупата на Палас траеше кратко.