Рабио го кани Погба во Марсеј

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Адриен Рабио, го повика поранешниот соиграч Пол Погба да му се придружи во францускиот клуб откако ќе му истече суспензијата следната година.

„Би сакал да играм со Пол. Поканет е да дојде да игра во Марсеј“, изјави Рабио за телевизискиот канал „DAZN“ во неделата вечерта по натпреварот против Сент Етјен.

Погба беше позитивен на тестостерон во август минатата година, со што ја заработи максималната казна од италијанскиот антидопинг суд.

По жалба, казната на Погба е намалена од четири години на 18 месеци и тој ќе може професионално да се занимава со фудбал од март наредната година.

И покрај ова, Погба и Јувентус со заедничка согласност го раскинаа договорот минатиот месец.

Рабио и Погба беа клупски колеги во Јувентус откако Погба се врати во италијанскиот клуб од Манчестер јунајтед во 2022 година.

Трансферот на Погба во Манчестер Јунајтед во 2016 година тогаш изнесуваше рекордни 105 милиони евра.

„Бевме заедно кратко време во Јувентус. Немавме многу можности да играме заедно поради неговите повреди. Бев многу разочаран поради тоа”, изјави Рабио.

Рабио му се приклучи на Марсеј во септември, откако беше член на Јувентус од 2019 година.