Рабио: Игравме на терен кој наликува на вештачка трева

Францускиот фудбалер, Адриен Рабио, по победата од 3-1 над Сенегал, изјави дека не е задоволен од квалитетот на теренот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси.

Играчот од средниот ред рече дека теренот кој ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство на 19 јули, се чувствувал помалку како вистинска а повеќе како вештачка трева.

„Теренот дури и не знам дали можете да го наречете така. Се чувствуваше повеќе како вештачка трева – многу тврда и нестабилна“ – изјави Французинот