Рабио има две понуди од Англија, можно заминување уште во јануари
Адриан Рабио ова лето реши да остане во Јувентус, но потпиша
договор за само една сезона, па јасно е дека наскоро ќе ја промени
средината.
Силен интерес за Французинот покажуваат Манчестер Јунајтед и
Њукасл, кои ќе се обидат да го доведат уште во јануари. Рабио одигра
одлично на Мундијалот и е еден од најдобрите поединци кај Јувентус,
но има договор до крајот на сезоната и е спремен да ја промени
средината.
Премиерлигашите се спремни да испратат понуда во јануари со цел
Јувентус да не го загуби фудбалерот без обештетување.
Доколку „старата дама“ не сака да го пушти на средина од сезоната
Манчестер Јунајтед и Њукасл ќе му понудат богат договор за на лето
да пристигне без обештетување.