Рабио пак ќе работи со Алегри, Милан и Марсеј се договорија за трансферот

Во самиот финиш од преодниот рок, Милан и Марсеј си подадоа рака за трансфер на Адриен Рабио, францускиот фудбалер повторно ќе игра во Серија А.

Утре завршува преодниот рок во Серија А, па Милан и Марсеј вечерва постигнаа договор за трансфер на Рабио.

Овој фудбалер беше ставен на продажба откако направи инцидент во соблекувалната на Марсеј кога се степа со негов соиграч.

Како купувач се најде Милан кој го договори за 10 милиони евра плус бонуси.

Рабио претходно во Италија играше за Јувентус и тоа токму под водство на Масимо Алегри кој сега го води Милан.