Рабио прв пик на Барса за следната сезона

Адриан Рабио ова лето реши да остане во Јувентус, но потпиша
договор за само една сезона, па јасно е дека наскоро ќе ја промени
средината.
Силен интерес за Французинот покажуваат Арсенал и Њукасл, а сега
во трката за неговиот потпис се приклучи и Барселона.
Рабио одигра одлично на Мундијалот и е еден од најдобрите
поединци кај Јувентус, но има договор до крајот на сезоната и е
спремен да ја промени средината.
Барселона е спремна да испрати понуда во јануари со цел Јувентус да
не го загуби фудбалерот без обештетување.