Рабио прв пик на Барса за следната сезона
Адриан Рабио ова лето реши да остане во Јувентус, но потпиша договор за само една сезона, па јасно е дека наскоро ќе ја промени средината.
Силен интерес за Французинот покажуваат Арсенал и Њукасл, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Барселона.
Рабио одигра одлично на Мундијалот и е еден од најдобрите поединци кај Јувентус, но има договор до крајот на сезоната и е спремен да ја промени средината.
Барселона е спремна да испрати понуда во јануари со цел Јувентус да не го загуби фудбалерот без обештетување.