Работнички ги започнува тестовите пред новата сезона

ФК Работнички ги потврди термините кога ќе ги игра контролните натпревари кои се дел од подготовките за новата сезона во ПМФЛ. Клубот од Дебар Маало има амбиција да избори излез во Европа наредната сезона, веќе доведе неколку засилувања, а ги очекува и напорно лето во обидот за успех.

„Работнички во Пехчево стартува со пријателските натпревари во текот на летните подготовки. Српскиот тим Напредак Крушевац ќе биде првиот ривал за избраниците на Александар Влахо, а потоа на секои три или четири дена ќе следува нов тест. В сабота Работнички ќе одигра пријателски меч со Македонија ЃП во Ѓорче Петров, на 7 јули противник ќе биде Тиквеш, а три дена подоцна „романтичарите“ ќе тестираат против Академија Пандев.

На 16 јули Работнички ќе замине на подготовки во Охрид, каде засега се закажани три пријателски натпревари, против Ренова, Охрид и против албанскиот тим Игнатиа.“ – стои во соопштението на клубот.