Работнички го врза талентот Фетаи на уште четири години договор

Големиот талент Фета Фетаи потпиша професионален договор со македонскиот прволигаш Работнички.
Тинејџерот е во првата екипа од почетокот на сезоната, веќе дебитираше за „романтичарите“ кои во него гледаат светла иднина, па поради тоа беше официјализиран договор за наредните четири сезони.
Фетаи кој е играч од средината на теренот е уште еден од плејадата талентирани фудбалери кои потекнуваат од школата на клубот и добиваат свое место во сениорскиот тим.
Работнички вториот дел од шампионатот во Првата лига ќе го започне на 19 февруари со гостување во Прилеп кај Победа.